Тонали: Ја донесов најтешката одлука во мојот живот

188

Сандро Тонали направи трансфер од Милан во Њукасл. Тој неочекувано замина на „Сент Џејмс Парк“ меѓутоа голема „вина“ во тоа има Милан кој реши да го продаде во Англија и да заработи од него. Тонали изјави дека не му било лесно околу одлуката со оглед на тоа дека од дете навива за Милан и сакаше да стане нивна легенда, но од друга страна вели дека ова може да биде добро за негов понатамошен напредок.

Ова е најтешката одлука што сум ја донел не само во мојата фудбалска кариера, туку и во мојот живот. Милан ме прифати одлично и за тоа ќе му бидам вечно благодарен. Сепак, фудбалот е таков што морав да продолжам понатаму. Го сакам Милан и навистина се надевам дека во иднина еден ден коцките ќе се поклопат и ќе се вратам во клубот и ќе ги видам навивачите насмеани“, изјави Тонали.

Направив добар потег за кариерата. Имам само позитивни зборови за Њукасл. Сретнав луѓе кои се воодушевени од мене и сакаа да ме донесат по било која цена“, вели италијанскиот играч.

ПретходноНаполи и Елмас следната сезона со нов спонзор на дресот
СледноФинале во двојки за Ѓорческа во Лиепаја