Наполи во Франција најде нов напаѓач – ќе го купи за 60 мил.евра

703

Напаѓачот на канадската репрезентација Џонатан Дејвид би можел да ги напушти редовите на Лил и да се пресели на југот на Италија. Како што пишуваат италијанските медиуми, за неговите услуги е заинтересиран шампионот Наполи.
Ако сака да го донесе Наполи ќе треба да плати 60 милиони евра на име на обесштетување. Сепак, за Дејвид има интерес и од други клубови како Јувентус, Арсенал…
Дејвид е роден во Бруклин во семејство од Хаити. Тие се преселиле во Отава, Канада каде што Давид почнал да оди во училиште и да тренира фудбал. Бил во локалниот Отава Глочестер Хорнетс, а во 2018 година продолжил во Гент. Од 2020 година е во Лил.
За Канада има 42 меча и 25 гола.

ПретходноЛегендарниот Пјатов стави крај на професионалната кариера
СледноАлкараз го исфрли Беретини и ќе игра против Руне во 1/4 финалето на Вимблдон