Легендарниот украински голман Анреј Пјатов ја прекина професионалната фудбалска кариера. 39-годишниот голман одигра 482 натпревари за Шахтјор и стана „икона“ на клубот од Доњецк и украинскиот фудбал.
Тој освои 28 трофеја, што е рекорд меѓу фудбалерите во Украина, вклучувајќи 11 шампионски титули во Украина, 8 Купови, 8 Суперкупови на Украина и УЕФА купот во 2009 година.
За националниот тим одигра 102 натпревари и уште 20 за репрезентацијата до 21 година.
Помина вкупно 19 години во професионалниот фудбал од кои 16 во дресот на Шахтјор.
Тој ќе продолжи да работи како тренер на голманите во овој клуб.