Фудбалер на Лутон влезе во историјата на англискиот фудбал

1504

Пели Радок Мпанзу го продолжи договорот со Лутон Таун што значи дека официјално ќе биде првиот фудбалер во историјата кој играл за првите пет дивизии во англискиот фудбал за ист клуб.
Во 2013 година тој му се приклучи на Лутон во Конференцијата (петтата лига), следната година играше за Лига 2, во 2018 година во Лига 1, во 2019 година во Чемпионшип дивизијата, а сега ќе заигра во Премиер лигата.
Мпанзу иако е роден во Хендон, Англија тој има два настапи за ДР Конго. За Лутон има преку 360 натпревари во сите конкуренции.

ПретходноЕшли Јанг по Астон Вила ќе игра за Евертон
СледноСелекторот ги терал да спијат со него ако сакаат да играат за репрезентацијата