Шампионот на Македонија, Пелистер ја известува јавноста дека попладнево од 18:00 часот со работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе ги започне своите активности за сезоната 2023/24.
Битолчани веќе во четврток се селат на базични подготовки во Маврово, каде ќе останат до први август. По ова следат турнирите на кои ќе учествуваат ракометарите на македонскиот првак.
Од 14 до 18 август, Пелистер ќе биде во босанскиот град Добој каде ќе игра на силниот „ТВ турнир на шампионите“, додека од 23 до 26 август битолчани ќе настапат и на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.