За Вардар 1961 ќе има место во СЕХА-лига ама прашање е дали истата ќе постои!

329

Вардар 1961 со големи промени ќе ги почне подготовките за сезоната која доаѓа. Во раководството и во составот има бројни новитети. Борко Ристовски и Стојанче Стоилов повеќе нема да ги гледаме во „црвено-црниот“ дрес, но и двајцата ќе бидат во клубот со нови улоги.

Ристовски ќе биде извршен директор, додека Стоилов помошник тренер на Владо Недановски. Михајло Михајловски нема да го остави скроз Вардар 1961, ќе биде тука за совети и помош, неговото искуство и тоа како е добредојдено за овој тим.

На денешната прес-конференција покрај тоа што се говореше за плановите, буџетот и засилувањето на тема падна и СЕХА-лига. Вардар 1961 според правилата нема обезбедено место во ова натпреварување согласно пласманот во домашниот шампионат, но со оглед на тоа дека е од почетокот, Михајловски истакна дека ќе игра, но доколку оваа лига опстане.

„Ако СЕХА-лигата продолжи да се игра, Вардар сигурно ќе биде дел од неа. Ние петпати ја освоивме титулата. Сепак неизвесно е дали воопшто СЕХА-лигата ќе се игра поради проблемите што ги има главниот спонзор Гаспром, кој поради санкциите врз Русија не може да ги исполни финансиските обврски“, вели Михајловски.

Претходно“Новак е најуспешен, но не е најголем во историјата“!
СледноШампионот денеска ги „пали“ моторите, веќе утре се сели во Маврово!