Иван Љубичиќ, хрватска тениска легенда, еден од оние на кои им се почитува и респектира тоа што го кажува, има интересен коментар на тоа дали Новак Ѓоковиќ е најголемиот во историјата на тенисот.
Тој деновиве буквално кажа што мисли за тоа кој е кој во историјата:
“Не можам да `победам` на оваа тема. Не можам да бидам ниту објективен. Секако дека Новак е најуспешен, има 23 гренслем титули, но според мене не е најголем во историјата. Видете, Мајкл Џордан е најголемиот кошаркар на сите времиња, но не е најуспешен. Па така и Роџер Федерер, Новак е поуспешен од него, но Роџер, исто како и Џордан во кошарката, е со најголемо влијание во тенисот. И затоа за мене тој, а не Новак, е најголемиот во историјата“ посочи Хрватот.