Нашиот тим го чека навивачки пекол во Софија, Левски ги продаде сите билети за мечот со Шкупи

703

Реванш дуелот од второто квалификациско коло од Конференциската лига помеѓу нашиот претставник Шкупи и тимот на Левски од Софија ќе се игра пред полни трибини. Како што јавуваат медиумите од Бугарија, задутре со почеток од 19:00 часот, Левски и Шкупи ќе играат пред полни трибини на стадионот „Ѓорѓи Аспарухов“.

Како што е добро познато на првиот меч Левски победи со 0:2 во Скопје и има огромна предност.  Плус, очигледно дека домашната публика смета дека на тимот му е потребна сета помош, па нормално е што го пополни капацитет. За истиот беа пуштени плус 1000 дополнителни билети.

 

ПретходноМомент за историја за Струга ТЛ: Да се помине Будуќност за што подолго европско лето!
Следно„Мила Антонела, Меси да не ти е сопруг…каде би била!“