В недела стартува новиот ПМФЛ шампионат, а во првото премиерно коло се среќаваат новобрендираната Брера Струмица и повратникот во „елитата“ Вардар.
Одлична можност за двата тима да се промовираат во добро светло во новиот шампионат, а СПортмедиа дознава дека на оваа фудбалска претстава свој шмек ќе и дадат и „Комити“ навивачката група на Вардар.
Мечот е планиран да се игра на комплексот на Брера Струмица, но таму досега постоеше само една трибина. Што значи дека гостување на навивачи не е изводливо. Сепак, домаќинот од утре па до недела монтира нова трибина позади еден од головите, кој што гледа кон Гратскиот стадион во Струмица, и таму ќе бидат сместени гостите од Скопје.
Па така, Вардар и дефинитивно ќе има поддршка од навивачите, а секако и благодарност до домаќинот што ќе го овозможи тоа.