Армин Хоџиќ е новото засилување за Шкупи

948

Некогашниот играч на големиот Ливерпул, а потоа и на екипите на Динамо Загреб, Мол Фехервар, Касимпаша и последно Железничар од Сараево, Армин Хоџиќ е новото засилување за тимот на Шкупи.

Екипата која што сеуште е наш активен претставник во Европа, и која што утре го игра реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Конференциската лига, против Левски во Софија, го доведува офанзивецот кој што се збогува со тимот на Железничар и доаѓа на Чаир.

Благодарение на сега веќе поранешниот спортски директор на Шкупи, Омер Буњаку, кој директно учевствуваше во доведувањето на ова екстра засилување за Чаирчани.

Хоџиќ има забележано во кариерата 14 настапи за репрезентацијата на Босна, постигнато и три гола, а за младинските селекции на БИХ настапи четириесетина пати.

 

ПретходноБрера Струмица става монтажна трибина на својот комплекс, Комити в недела гостуваат во Струмица
СледноЧуамени е мајстор на терен, но е маестро и на клавир (ВИДЕО)