Репрезетативецот на Германија до 17. години и досегашен играч на тимот на Фрајбург, Ноа Дарвиш е нов член на тимот на Барселона.
Во трансфер кој во моментов чини 2.5 милиони евра, но кој со евентуални бонуси може и да се удвои, Дарвиш пристигнува на Ноу Камп со надеж дека ќе прерасне во сериозен првотимец.
Секако, првично тој ќе биде дел од младинскиот тим на Барселона, а потпиша професионален договор до 2026 година. Интересно, неговата откупна клаузула е една милијарда евра.










