Перез Де Варгас ја напушта Барселона и ќе игра за германски гигант

425

Шпанскиот голман Гонзало Перез де Варгас ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во редовите на четирикратниот европски шампион Кил. Голманот кој има 135 настапи за Шпанија и досегашната кариера ја помина во Барселона прв пат ќе игра во најсилната германска лига.
Шпански голман потпиша соработка со Кил, која ќе започне во 2025 година, но можно е уште порано да замине од Барса, на крајот на следната сезона. Каталонскиот тим веќе објави дека нема да го продолжи договорот на Де Варгас и за следната сезона ќе му биде одземена капитенската лента која најверојатно ќе му биде дадена на Дика Мем.

ПретходноТотенхем го претстави скапото засилување од Холандија
СледноБарса со три гола во последните 10 минути го победи Тотенхем и го освои „Трофеј Гампер“