Тотенхем го претстави скапото засилување од Холандија

293

Тотенхем ги комплетира трансферите на двајца играчи, младиот холандски репрезентативец Мики ван де Вен и младинскиот аргентински репрезентативец Алехо Велиз.
„Спарс“ скапо го платија 22-годишниот Ван де Вен од Волфсбург. Се работи за сума од 40 милиони евра која со бонуси може да порасне до 50 милиони евра.
Велиз кој има 19 години и е напаѓач доаѓа од Росарио Централ за 15 милиони евра. И двајцата потпишаа шестгодишни договори.
Тие за Тотенхем се четвртото и петтото летно засилување по ангажманот на Џејмс Медисон, голманот Гиљермо Викарио и крилото Манор Соломон.
Ван де Вен беше капитен на У21 селекцијата на Холандија на неодамнешното младинско ЕП. Тој минатата сезона одигра 33 бундеслигашки натпревари, а во Волфсбург се пресели во 2021 година во Волендам за 5 милиони евра. Тој игра на позицијата централен бек, а може да игра и како лев бек.

ПретходноЏелил Асани во 14-тиот клуб во кариерата – сега во дресот на Влазнија
СледноПерез Де Варгас ја напушта Барселона и ќе игра за германски гигант