Џелил Асани во 14-тиот клуб во кариерата – сега во дресот на Влазнија

308

Македонскиот лев бек Џелил Асани е нов фудбалер на албанска Влазнија од Скадар. Минатата сезона ја помина во Ерзени, исто така од Албанија, па сега направи трансфер во скадарскиот тим.
Инаку Влазнија е 14-тиот клуб на Асани во кариерата. Во биографијата на 27-годишниот кичевчанец стои дека тој ја почнал кариерата во Напредок, потоа играл за Велазерими, па албански Билис Балш, па Металург од Скопје, Пемброк oд Малта, белоруски Торпедо Жодино, Шкендија, Машал Мубарек од Узбекистан, Младост Добој Какањ, СКА Хабаровск, Питсбург Риверхаундс, Рудар Приједор и Ерзени.

ПретходноТрет словенечки ракометар во Еурофарм Пелистер
СледноТотенхем го претстави скапото засилување од Холандија