ТИМ И ИГРАЧ НА 1.КОЛО: Младиот Георг го урна Шкупи

818

Супер деби на младиот Георг Стојановски (19) за Работнички. Му беа потребани само 20-тина минути да покаже дека има нешто фудбалско во него, и тоа како. Прво над него беше направен пенал за 2:1 за Работнички на дербито против Шкупи, а потоа и со прекрасен гол стави точка на мечот и триумфот на неговиот тим со 3:1.

Секако дека апсолутно заслужено Георг Стојановски е играчот на ова 1.коло во ПМФЛ. Работнички во него има одличен потенцијал.

Во тимот на колото од Работнички тука е и Атдхе Мазари кој уште во 30 секунда ја затресе мрежата на Шкупи.

Во тимот на колото се и Гачевски (Вардар) на голот, потоа Ристевски и Јанкулов, стрелецот на фантастичниот гол за победа на Брера Струмица над Вардар, Адили со својата супер асистенција за победа на Шкендија над Воска, потоа Радиќ и Радески од Струга ТЛ. Во тимот на колото се и Д. Димитриевски и Андерсон од Брегалница, како и Ивановски од Тиквеш.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ГЕОРГ СТОЈАНОВСКИ

Тим: Работнички

Роден: 12.01.2004

Кариера: Вардар, Тетекс, Хата (ОАЕ), Работнички

ПретходноJoнчевски: Не е важно кој ни се противници, се надевам дека ќе бидеме комплетни во квалификациите
СледноКоментар на 1.коло: Каде што игра Вардар таму е фудбалски празник, шампионот сигурен, а Работнички ќе биде многу опасен!