Еурофарм Пелистер 2 потпишљ ново име. Станува збор за 16-годишниот босански интернационалец Алем Хаџиќ.
Овој ракометар, кој може да игра на позиициите лев и среден бек, доаѓа во Битола од клубот Коњух, каде веќе се наметна и играше важна улога и во сениорскиот тим. Хаџиќ потпиша четиригодишен договор.
Со Коњух, Хаџиќ беше трикратен шампион во првенството за кадетите, а двапати беше МВП на завршните турнири и најдобар стрелец.










