Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето од фјучерс турнирот во Осијек, Хрватска, откако во 1/4 финалето ја совлада Викториа Кан со 2:0 по сетови 6:2, 6:2.
Нашата тенисерка доминираше на дуелот каде што беше фавориот и ја оправда таа улога.
Сега, во полуфиналето Ѓорческа ќе има задача да се справи со Амариеи од Романија.