Башкими му покажа заби на Вардар, имаше 2:0 па спаси бод за 3:3 (ВИДЕО)

131

„Луд“ натпревар денеска во рамките од новото коло од ПМФЛ шампионатот, одиграа екипите на Башкими и Вардар во Куманово. Пред преполна трибина, и пеколна атмосфера како што и најавија домаќините, актуелниот шампион не успеа да го победи реално послабиот противник. Напротив, во еден момент губеше и со 2:0. Сепак, Башкими ги покажа своите квалитети но и слабости на овој меч, идентично како и Вардар па конечните 3:3, можеби се и најреален исход на убедливо најдобриот меч во досегашниот дел од шампионат.
Вардар се посрамоти во првиот дел, губеше со 2:0, за да во продолжението главен двигател на нештата биде Горан Закариќ со два гола и пресврт иницијатор. Од друга стран, Хебиб Саити е херојот во Куманово денеска затоа што реализираше за 3:3 на четири минути до крајот на регуларниот дел.

Домаќинот доминираше во првиот дел

Овој меч започна онакако како од најубавите соништа за домаќинот Башкими. Фати Исмаили по одлично изведениот корнер, успеа да го надскока Филип Најдовски и реализираше со глава. Тоа се случи во 21. минута, а во 33. минута веќе нов шок за Вардар. Длабочинска топка за Да Силва Санка кој што го минува и излезениот Талески и погодува потоа во празната мрежа.

Ужасот за Вардар во првиот дел го намали Давид Бабунски кој што реализираше максимално прецизно иако имаше не така лесна позиција за да погоди.

Комплетен пресврт во вториот дел

Во продолжението на мечот, Вардар го покажа сепак квалитетот, и пред се капацитетот да се справи со ваква ситуација. Во 70. минута искисниот Горан Закариќ со одмерен удар со лева реализираше во подалечниот агол од голот на Стојковски за 2:2, а само две минути подоцна искиот играч на асистенција на Едис Спахиу исто така со лева нога погоди во горниот агол од голот на Башкими за комплетен пресврт.

Саити спасува бод за домаќинот

Во 86. минута домаќинот сепак, успеа по трет пат да ја затресе гостинската мрежа за ерупција на стадионот во Куманово. Акцијата од десно ја доведе топката на петерецот за резервистот Хебиб Саити кој што одлично реагираше и го совлада Талески за 3:3.

 

ПретходноДортмунд и Фрајбург со домашни победи за лидерска позиција
СледноВМФЛ: Македонија ЃП го “реши“ Камјани