ОФИЦИЈАЛНО: Арнаутовиќ повторно во дресот на Интер

102

Искусниот австриски напаѓач Марко Арнаутовиќ повторно го облече дресот на Интер. „Нероаѕурите“ го официјализираа трансферот на 34-годишниот фудбалер чиј договор е до крајот на сезоната.
Тој доаѓа од Болоња како позајмен фудбалер, а Интер има опција да го откупи договорот.
Марко веќе играше за Интер дури и ја освои ЛШ. Тоа беше во сезоната 2009/10, а одигра само три меча.
Минатата сезона проблематичниот фудбалер одигра 23 натпревари во кои постигна 10 голови.
Пред Арнаутовиќ, Интер го донесе левиот бек Карлос Аугусто од Монца.

ПретходноКазорла по 20 години се врати во матичниот клуб, ќе игра за „минималец“
СледноСудиска анализа: Во ПМФЛ судењето било добро, во ВМФЛ тимот на Беласица бил оштетен!