Буњамин Шабани: Сите во Струга ТЛ веруваме дека можеме да се пласираме во плеј-офот!

142

 

Вечерва од 20 часот на стадионот во Луксембург, Струга ТЛ ќе го одигра реваншот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции и тоа на гости кај Есперанж. Познато е дека во Скопје на првиот меч резултатот беше 3:1 за нашиот тим.

Во случај на позитивен резултат тогаш Струга ТЛ ќе избори пласман во плеј –офот, што би бил фантастичен резултат.

Во пресрет на вечерашниот меч капитенот на Струга Т, Буњамин Шабани, за “Спортспорт“ изјави:

“Свесни сме колку важен натпревар играме вечерва.Домашниот состав е квалитетен и треба да се респектира. Ние на овој меч ќе влеземе како да немаме предност, како да првиот меч заврши со резултат 0:0. Знаеме дека треба да даде максимумот, но сите ние во Струга ТЛ веруваме дека можеме да се пласираме во плеј – офот. Тоа ќе биде големо нешто како за клубот така и за сите нас играчите. Се надевам дека вечерва успешно ќе го завршиме овој двомеч и ќе одиме натаму, во плеј – офот, а потоа може да оствариме и уште поголемо достигнувања. Зошто да не?“ заврши Шабани.

ПретходноСудиска анализа: Во ПМФЛ судењето било добро, во ВМФЛ тимот на Беласица бил оштетен!
СледноАндоновски не е повеќе селектор на САД