Заврши првото полувреме од првиот меч во плеј – офот во ЛК меѓу Струга ТЛ и Бреидаблик и тоа со водство на гостите од 0:1. Штета, зошто според играта и шансите нашиот тим требаше да има водство. Сепак гостите од Исланд со голот на Гунлаугсон во 36.минута имаат водство.
Во 28.минута Шабани постигна гол, но ВАР го поништи поради фаул над голманот.Бесарт Ибраими имаше неколку шанси, а во 16.минута ја погоди и стативата.
Реално требаше да биде најмалку 2:1 за Струга ТЛ, но на пауза се оди со 0:1 за Бреидаблик.
𝐆𝐎𝐀𝐋! | Höskuldur Gunnlaugsson | Struga 0-1 Breidablikpic.twitter.com/oWAyNeIlyi
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 24, 2023