Фудбалерот на Манчестер Ј. исфрлен од репрезентацијата на Бразил

960

Првотимецот на Манчестер Ј., Ентони е исклучен од репрезентацијата на Бразил за септемвриските натпревари.

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед беше повикан за натпреварите против Боливија и Перу, но на веб-страницата на Бразилската фудбалска конфедерација се појави информацијата дека наместо него во тимот е повикан Габриел Жесус од Арсенал.

„Во светло на фактите за Ентони, кои станаа познати во понеделникот и кои допрва треба да се истражат, а со цел да се заштити наводната жртва, играчот, репрезентацијата на Бразил и Бразилската фудбалска конфедерација, ве известуваме дека спортистот е исклучен од тимот“, се вели во веста од Федерацијата.

Полицијата во Манчестер исго стави под истрага случајот за семејно насилство во кој е вклучен Ентони, откако неговата поранешна девоја го пријавила дека и се заканил дека ќе ја фрли од автомобил во движење.

ПретходноОнана се враќа во репрезентацијата на Камерун
СледноГринвуд, конечно, најде клуб: Официјално преставен во Хетафе