Ѓорѓиев: Ја вивнавме Македонија меѓу 16-те најдобри во Европа! Гордост беше да си Македонец!

232

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев „стегна заби“ и настапи против Чешка. Неговата желба да се запише уште една победа во групната фаза беше поголема од повредата и болките. За жал, противникот најдоброто го чуваше за крај, па славеше со убедливи 3-0.

„Убаво не прочитаа, одиграа многу добро. Треба да го погледнеме овој натпревар, да видиме каде сме грешеле, бидејќи Италијанците ќе играат како нив. Одиграа добра одбрана, честитки за тоа. Во мојата кариера никогаш немам славено, дефинитивно нивниот стил не ни одговара. Малку и бевме уморни, цел турнир, сепак сме во години.

Јас ќе гледам само на позитивното од оваа групна фаза. Македонија ја вивнавме меѓу 16-те најдобри репрезентации во Европа, ја вивнавме во европските височини, ќе напредува на ранг листата што пак ќе биде добро за следните предизвици.

Што се однесува до Италија, сигурно ќе имаме полна сала, ќе одиграме максимално, ќе излеземе на терен. Од никого не се плашам, ќе треба да заслужат за да не победат. Прво ќе уживаме и ќе го живееме сонот.

Гордост беше да се биде Македонец, се надевам дека ги направивме сите горди. Се надевам дека здрави и живи се гледаме до година“, изјави капитенот по мечот со Чешка. 

ПретходноПознати се 30 играчи кои се номинирани за Златната топка: Првпат, после 20 години Роналдо не е меѓу нив!
СледноКутињо ќе игра за Ал Духаил од Доха