Астон Вила и Ал Духаил од Доха постигнале начелен договор за позајмица на бразилскиот фудбалер во катарскиот клуб. Ал Духаил ќе го позајми фудбалерот на една година со тоа што се обврзал да ја покрие и целата негова плата.
За Кутињо имало интерес од Бешикташ и Бетис, но тој ги одбил овие понуди за да настапува во катарскиот шампионат.
Ал Духаил е актуелен шампион на својата држава, а севкупно осумкратен првак на Катар и четирикратен освојувач на катарскиот Куп. Тука тренер е Ернан Креспо, во тимот се португалскиот интернационалец Рубен Семедо, францускиот играч Ибрахим Диало,