Секако дека и Барди имаше што да кажепо тие 1:1 со Италија, по тој негов фантастичен гол. Енис Барди посочи дека е горд на себе за голот,но горд е и на своите другари во репрезентацијата по оваа издание со Италија.
“Мислам дека беше тежок меч. И нормално кога играш против една Италија. Мислам дека ние бевме тие кои имаа почисти шанси. Второ полувреме почнавме со гол за Италија, бевме деконцентрирани. Сепак се вративме многу брзо.Горд сум, зборевме и пред натпреварот, работевме доста време. Горд сум на овие момци.Ние сме мала земја,но овде има многу “Лавови“.
Исто така сум горд што ја носам капитенската лента. Има доста играчи што ми помагаат во тоа да сум капитен“ рече покрај другото херојот на вечерашниот меч.










