„Езерско дерби“ на саботната програма, Мулти Есенс дебитира во Супер-лигата!

107

Новата сезона во Супер-лигата и официјално стартуваше вчера со дуелот меѓу Алкалоид и Скопје, кој заврши во корист на македонскиот вицепрвак со убедливи 40-21. Избраниците на Кирил Лазаров на дело покажаа зошто заедно со Вардар 1961 и Пелистер важат за едни од главните кандидати за тронот.

Денеска не чека многу повозбудлив ден и тоа благодарение на езерското дерби меѓу Струга и Охрид. Охриѓани направија одличен тим, предводен од Стевче Алушовски треба да влезе во друштво на тројката Вардар, Пелистер и Алкалоид. Мечот е закажан во 17 часот.

Во истата група А, Куманово е домаќин на Аеродром.

Што се однесува до групата Б, таму Мулти Есенс ќе го игра првиот меч во својата дебитанска сезона во Супер-лигата, го пречекува Голден Арт во 17:30 часот. Ова исто така ќе биде доста интересна средба.

Еден час подоцна, Пролет е домаќин на Вардар Неготино.

Група А

ДЕНЕСКА 

17.00 Струга – Охрид

19.00 Куманово – Аерoдром

10.09. Тиквеш – Пелистер

Група Б

ДЕНЕСКА

17:30 Мулти Есенс – Голден Арт

18:30 Пролет – Вардар Н.

10.09. Прилеп – Бутел Скопје

ПретходноАлчевски: Многу важна победа на стартот на квалификациите, а Холандија е таа која што треба да стравува
СледноСалата Боро Чурлевски е подготвена за европски предизвици