И кога ретко кој очекуваше, по поразите со Украина и Англија, Македонија повторно застана на нозе. Одигра одличен меч,одигра фантастичен меч против таа Италија, против една од најтрофејните светски репрезентации и успеа да дојде до 1:1. Иако според шансите можевме и да победиме,но ајде и овие 1:1 се супер резултат. И пак ја натеравме Италија да плаче, а дебито на Спалети му го расипавме.
И секако капитенот капитенски. Каков ли само гол постигна кога ја “скина“ мрежата на славниот Донарума за 1:1. Нешто невидено нешто фантастично.
Ете тоа е капитенот, иако исите останати беа одлични.
Браво Барди, браво Македонијо…вака се игра фудбал.










