Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да игра финале против Карлос Алкараз на УС Опен како очекувавме сите. Оваа забава ја расипа Данил Медведев, кој го совлада младиот шпански тенисер со 3-1 и си закажа финале со Новак Ѓоковиќ. Ова ќе биде реприза на битката за трофејот во 2021 година кој тогаш му падна на рускиот тенисер.
Медведев приреди големо изненадување во полуфиналето беше подобар од Алкараз со 7:6, 6:1, 3:6, 6:3, применувајќи сосема поинаква тактика против Шпанецот, кој сега ќе загуби голем број на бодови на АТп листата.
Daniil Medvedev clinched a spot in the US Open final for the third time.
How it sounded on US Open Radio 🎙️👇 pic.twitter.com/ySw7cTA1wH
— US Open Tennis (@usopen) September 9, 2023
Мечот траеше три часа и 22 минути, Медведев сервираше фантастично и одигра многу подобро во првите два сета, па резултатот беше заслужено 2:0. Шпанецот се врати со освојување на третиот сет и веќе се чинеше дека ќе му го искомплицира животот на Русинот, но Медведев сака да игра во Њујорк и да се бори со публиката, што беше дополнителен мотив да го заврши мечот во своја корист.
Сега во недела во 22 часот го чека битката со Ѓоковиќ.