Алекс знае како против Италија: Нека се повтори чудото од Палермо! (ВИДЕО)

244

Вечерва од 20:45 часот во меч од квалификациската група – Ц за ЕВРО 2024, Македонија на Националната Арена “Тодор Проески“ ја дочекува Италија. Онаа Италија која во март минатата година ја расплакавме во баражот за СП и ја елиминиравме, не и да дадовме да го “помириса“ Мундијалот во Катар.

Па, нека се повтори тоа чудо од Палермо, секако дека нема да имаме ништо против. Нека Александар Трајковски уште еднаш го “тресне“ Џиџи, оној Донарума како во Палермо, како во таа 92.минута, нека биде еуфорија како тогаш.

Инаку оној другиот Џиџи, Буфон во 2016 прими два гола на Арената откако Нестор и Хасани го “тресеа“ за 2:1 за Македонија, но тој Имобиле ни ја скрати радоста за конечни 2:3.

Исто така Алекс во 2017 година среде Торино ја затресе мрежата на Буфон за 1:1, за голем бод за Македонија. Ете херојот од Палермо веќе двапати ни носи радост на мечевите со Италија, па нека вечерва биде и третпат.

Напред Македонија!

А сега уште еднаш, по којзнае кој пат да се потсетиме на “Чудото од Палермо“!
Гледајте и уживајте…

ПретходноМедведев ја „расипа“ забавата на УС Опен: Ништо од финале Алкараз и Ноле!
СледноМедведев: Илјадници Шпанци се дереа, најверојатно беа очајни!