Медведев: Илјадници Шпанци се дереа, најверојатно беа очајни!

715

Со победата против Карлос Алкараз, Данил Медведев се пласираше во финалето на УС Опен каде ќе игра против Новак Ѓоковиќ. Третиот носител на УС Опен го победи бранителот на титулата и прв носител Карлос Алкараз со 3-1. Рускиот тенисер против Новак има пет победи во 15 пресметки, но и триумф во последниот дуел.

Медведев одигра одличен меч против Алкараз и против големиот број навивачи кои постојано го бодреа Шпанецот. Токму по мечот, Русинот зборуваше за нив.

„Публиката денеска беше неверојатна, навистина неверпјатна. Единствен проблем беа 1000-те Шпанци кои почнаа да викаат помеѓу мојот прв и втор сервис при 5:3 во четвртиот сет. Тоа не беше убаво, но претспоставува дека беа очајни. Мило ми е што не им помогна тоа. Сега можат да одат да спијат“, рече Медведев.

ПретходноАлекс знае како против Италија: Нека се повтори чудото од Палермо! (ВИДЕО)
СледноМатеј Цветаноски повторно во дресот на Брера!