И официјално екипата на Брера Струмица објави дека Матеј Цветаноски повторно ќе го носи дресот на тимот од Струмица. Тој беше делод тимот во вториот дел од минатата сезона при што договорот му истече. Сега повторно е во Брера и ќе го носи дресот со бр.10.
Станува збор за офанзивец кој големо искуство во ПМФЛ играјќи за екипите на Македонија ЃП, Вардар, Пелистер, Шкупи, има и интернационална кариера во Унгарија и Албанија.
















