Спектакл во Скопје: Македонија VS Италија…дуел за фудбалско уживање!

489

 

Вечерва на Арената во Скопје, во меч од квалификациите за ЕВРО 2024, Македонија ја дочекува Италија. Токму онаа Италија со која веќе сме играле во три наврати, имаме идентичен биланс, по една победа, реми и пораз и гол разлика 4:4, токму онаа Италија која во март минатата година “плачеше“ по она што се случи во Палермо.

Од тогаш па наваму минаа 18 месеци, некои работи се променија, Македонија влезе во резултатска и играчка криза, Италија пак шокирана од тоа дека не играше на СП во Катар, малку “зариба“. Во меѓувреме си замина Роберто Манчини од селекторската функција а дојде Лучиано Спалети, херојот на Наполи, довчерашниот тренер на Елиф Елмас. Се разбира дека новиот селектор направи неколку промени во играчкиот кадар, се спрема и нова тактика, но ќе видиме вечер како тоа ќе функционира во Скопје, во дебито на Спалети.

Македонија посакува, по она што се случи на последните два меча со Украина и Англија, да одигра добро, да дојде барем до бод, да се прикаже во вистинско светло. Ни сите знаеме дека Италија доаѓа овде гневна, ќе бара одмазда, без разлика што самите тие велат дека тоа нема да биде така. Но е така, бидете уверени. Таа фудбалска рана која им ја нанесовме во Палермо долго ќе ги боли.

Но, тоа е нивна работа. Наша е да овој состав со кој селекторот Благоја Милевски го има на располагање покаже дека не заборавил да игра фудбал, да игра добар фудбале како пред 18 месеци. Ние сме уверени дека тоаго може, ете Италија нам ни „лежи“ што се вели, на сите досегашни три меча ние  сме одиграле одлично, па нека биде така и вечерва на Арената во Скопје.

Не се сомневаме дека вечерва во Скопје ќе биде спектакл. Ова е дуел за вистинско уживање, а ние ќе навиваме за нашите “рисови“, ќе навиваме за Македонија.

Напред Македонија!

ПретходноЛетонија ја понижи Литванија и го освои петтото место на Мундобаскетот
СледноКвалификации за ЕП 2024: Белгија со минимална победа во Баку