Според обложувалниците Италија е голем фаворит, за “2“ коефициентот е 1.40, а за „1“ дури 9.00!

138

 

Не е тајна дека во пресрет на вечерашниот дуел во квалификациите меѓу Македонија и Италија, гостите ја имаат улогата на голем фаворит. Тоа го кажуваат сите, па и нашите фудбалери. Што се однесува до обложувалниците, и тие сметаат дека Италија е во предност па затоа коефициентот за победа на гостите е 1.40. Од друга страна за победа на Македонија, односно за „1“ тој е дури 9.00. Тоа значи дека ако се уплатат 1.000 денари на победа на Македонија добивката би била 9.000.

Инаку за реми коефициентот е 5.00.

Да се надеваме дека нашите репрезентативци ќе изнајдат сили и со помош на публиката на Арената “Тодор Проески“ ќе дојдат до добар резултат.

ПретходноИсторијата е испишана: Македонија против Италија за потврда на европското реноме
СледноАлчевски: Многу важна победа на стартот на квалификациите, а Холандија е таа која што треба да стравува