Виљареал го одбра новиот тренер, но не е Раул

245

И покрај тоа што легендата на Реал Мадрид, Раул беше поврзуван со тренерската клупа на Виљареал, сепак, раководството не го одбра него, ниту Јулен Лопетеги ни Грем Потер.

„Жолтата подморница“ ќе ја предводи Хосе Рохо Мартин, попознат по прекарот Пачета. Тој потпиша договор само до крајот на сезоната, а инаку има солидно тренерско искуство затоа што работеше во Нумансија, Овиедо, Картахена, Еркулес, Елче, Уеска и Ваљадолид во Шпанија, како и полски Киелце и тајландски Ратчабури.

Виљареал го отпушти Кике Сетиен по 15-тата позиција на табелата во Ла Лига.

ПретходноЛетонски кошаркар го собори рекордот на СП по асистенции на еден меч
СледноЕдна од најдобрите молдавски фудбалерки загинала на планинарење