Даниеле Лавиа: Ќе биде тешко со Македонија, на ментално ниво е малку комплицирано

174

Италија како голем фаворит влегува во денешниот осминафинален меч со Македонија на Евроволеј 2023. Во Бари, како домаќини, „аѕурите“ ќе се обидат да го потврдат планираниот пласман во четвртфиналето, а свесни се и за своите квалитети во однос на другите селекции на ова Европско првенство.

„Сигурно и натпреварот со Македонија ќе биде тежок. Ова е веќе нокаут-фаза каде е систем на елиминации, па на ментално ниво секогаш е комплицирано. Но ние сме подготвени, среќни сме што сме тука, среќни сме од нашите досегашни натпревари на кои имаше одредени моменти на пад во формата, но секогаш успевавме да ги надминеме. Во мечот влегуваме свесни за фаворитската улога која ја имаме. Влегуваме во техничка, тактичка и физична смисла многу силни, и како што кажав и претходно возбудени сме што ќе играме овде во Бари. Не очекувам ништо посебно, затоа што знам дека навивачите во Бари ќе направат добра атмосфера. Се сеќавам на 2019-тата кога топло не пречекаа, а ние им се заблагодаривме со една прекрасна победа. Секогаш треба да се фокусираме на нашата игра. Ако одиграме како што треба, се ќе зависи само од нас“, вели 23-годишниот примач на италијанската репрезентација, Даниеле Лавиа.

Италија на ова ЕП е со една мешавина од младост и искуство, која селекторот Де Џорџи засега успеа одлично да ја вкомпонира во битката за одбрана на европскиот трон.

ПретходноВерати и Дракслер договорија трансфери во Катар
СледноОфицијално: Жижовиќ е нов тренер на Шкупи!