Ете тоа е капитенот: Браво Барди, браво Македонијо…вака се игра фудбал!

1149

 

И кога ретко кој очекуваше, по поразите со Украина и Англија, Македонија повторно застана на нозе. Одигра одличен меч,одигра фантастичен меч против таа Италија, против една од најтрофејните светски репрезентации и успеа да дојде до 1:1. Иако според шансите можевме и да победиме,но ајде и овие 1:1 се супер резултат. И пак ја натеравме Италија да плаче, а дебито на Спалети му го расипавме.

И секако капитенот капитенски. Каков ли само гол постигна кога ја “скина“ мрежата на славниот Донарума за 1:1. Нешто невидено нешто фантастично.

Ете тоа е капитенот, иако исите останати беа одлични.

Браво Барди, браво Македонијо…вака се игра фудбал.

ПретходноБум Бум Барди…Италија повторно во солзи! (ВИДЕО)
СледноСпалети со очекувано оправдување: Теренот беше многу лош, Македонија подобро се снајде!