Ѓоковиќ со еден потег го спушти на земја Шелтон (ВИДЕО)

478

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС Опен, откако го совлада Американецот Бен Шелтон со 3-0. За трофејот, српскиот тенисер ќе се бори против Данил Медведев.

Ноле веднаш по завршување на полуфиналето го спушти на земја Американецот, кој во текот на полуфиналето се однесуваше крајно лошо. Пласманот во финалето го прослави со потег токму на Шелтон. Ноле прво сигнализираше дека има телефонска слушалка, која веднаш ја спушти.

Овој потег на Ноле со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи и нормално стана хит.

За потсетување во четвртифналето Шелтон овој потег го направи против Френсис Тиафо.

 

По мечот Ноле потенцира дека му се допаднал начинот на прослава на Американецот, па затоа одлучил да го ископира.

„А што се однесува до радувањето – ми се допадна како Шелтон ја прослави својата победа – па јас го ископирав“, низ насмевка кажа Новак.

ПретходноНејмар прво се посрамоти, па испиша историја (ВИДЕО)
СледноИсторијата е испишана: Македонија против Италија за потврда на европското реноме