За нешто повеќе од еден час почнува мечот меѓу Македонија и Италија во рамките на групата –Ц во квалификациите за ЕВРО 2024. За дуелот кој започнува од 20:45 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, селекторите Благоја Милевски и Лучиано Спалети ги објавија стартните состави.
За Македонија ќе настапат: Димитриевски, Манев,Муслиу, Зајков, Алиоски, Ашковски, Барди, Елези, Атанасов, Елмас, Миовски.
Очигледно е дека Милевски и тоа како изненади со составот.
Додека за Италија мечот ќе го започнат:
Донарума, Ди Лоренцо, Манчини, Бастони, Димарко, Барела, Кристанте, Тонали, Политано, Имобиле, Заканџи.










