Украина ѝ зема бод на Англија, уште една ноќ за паметење на Андора

438

Украина и Англија одиграа 1:1 во меч од 5.коло од квалификациите за ЕП 2024. Мечот се одигра во полскиот град Вроцлав поради ситуацијата во Украина, а „домашните“ фудбалери поведоа со голот на Зинченко во 26.минута. Сепак, англискиот тим изедначи во 41 минута преку Кајл Вокер на асистенција на Кејн.
До крајот резултатот не се смени. Ова е меч од групата Ц во која е и Македонија. Англија е лидер со 13 бодови по 5 меча, а Украина има седум од четири меча.
На другите натпревари Андора-Белорусија 0:0, а Естонија-Шведска 0:5. Белгија славеше со 1:0 против Азербејџан во Баку. Андорците со ова реми дојдоа до вториот бод во групата, а првиот го освоија против Косово (1:1).

ПретходноСтартни состави: Македонија почнува и со Манев, Елези, Атанасов, Ашковски, Зајков…Алекс, Нестор и Адеми на клупа!
СледноУште еден “бисер“ на Мегваер: Она кога стоперот Хари го чува својот колега стопер! (ВИДЕО)