Се чини дека нема уште многу долго нашиот Дијамант да биде во Наполи. Имено уште во зима постои голема веројатност тој да ја смени средината и да се пресели на север во Италија, во тимот на Интер каде што некогаш играа и Дарко Панчев и Горан Пандев.
За целата оваа “операција“ е задолжен еден од најдобрите менаџери во светот, Фали Рамадани кој потекнува од тетовско, и тој уште отсега започнал да ја одработува својата работа.
Се разбира дека рано е уште за некои детали, но многу важно е што Елмас сака да си оди, а и Наполи нема ништо против за соодветна отштета да се песели во еден таков гигант како што е актуелниот европски вицешампион.
Инаку договорот на Елмас со Наполи е до јуни 2025. Секако дека нашиот репрезентативец има намера да си оди од Неапол ако се знае и тоа дека новиот тренер Руди Гарсија му дава уште помала минутажа од таа што ја имаше кај Спалети.










