Вецлар со нов пораз во Бундеслигата, Кузмановски со два гола!

73
0

Не му тргна добро на “македонскиот Вецлар“ во новата сезона во ракометната Бундеслига. Имено на денешниот меч од 4.коло, Вецлар беше поразен на гости кај Лајпциг со 36:30 и го забележа четвртиот пораз во исто толку мечеви, па затоа е на последното место на табелата.

Да потсетиме дека во Вецлар асистент тренер е Филип Миркуловски, а Филип Кузмановски на денешниот меч кај Лајпциг постигна два гола од пет обиди.

ПретходноШрудер е МВП на Мундијалот, позната е и идеалната петорка! (ФОТО)
СледноГерманскиот сојуз веќе преговара со Нагелсман!