Шрудер е МВП на Мундијалот, позната е и идеалната петорка! (ФОТО)

533

Се чекаше да заврши финалето па да се избере и најдобриот кошаркар, односно МВП на Мундијалот. И сосема очекувано и оправдано таа титула отиде кај Денис Шрудер, репрезентативецот на Германија кој беше најзаслужен за првата и историска титула за Германците.

Покрај него ФИБА одбра уште четворица кои се најдоа во идеалната петорка или “ол-стар“ тимот на Мундијалот. Тоа се Богдан Богдановиќ (Србија), Лука Дончиќ (Словенија), Шај Гилџес –Александер (Канада) и Ентони Едвардс (САД).Image

Интересно, сите петтмина играат во НБА лигата.

И на крај да кажеме дека овој Мундијал заврши со Германија како светски првак, Србија со среброто, Канада со бронзата и САД како четврти.

ПретходноПријателски: Шкендија славеше кај Вил, Жижовиќ тргна со реми, Тиквеш го победи Детонит…
СледноВецлар со нов пораз во Бундеслигата, Кузмановски со два гола!