Не му тргна добро на “македонскиот Вецлар“ во новата сезона во ракометната Бундеслига. Имено на денешниот меч од 4.коло, Вецлар беше поразен на гости кај Лајпциг со 36:30 и го забележа четвртиот пораз во исто толку мечеви, па затоа е на последното место на табелата.
Да потсетиме дека во Вецлар асистент тренер е Филип Миркуловски, а Филип Кузмановски на денешниот меч кај Лајпциг постигна два гола од пет обиди.