Златото за Германија: Србија на колена…Шрудер и другарите се светски прваци, првпат во историјата!

245

 

Германија е светски првак во кошарка, првпат во историјата. Шрудер и другарите ја совладаа Србија во финалето на СП со 83:77.

Сосема заслужено, Германија беше подобра, посебно во третата четвртина кога беше фантастична. Инаку ова е германска прфекција, на целиот Мундијал немаше ниту еден пораз. Ете така се станува светски првак.

Србија во драмата во финалето во Манила имаше шанси, но сепак не успеа. Србија е на колена.

Секако дека Шрудер со 23 поени беше најефикасе во финалето.

Србија добро го отвори финалето и тоа со 5:0, но секако Германците веднаш вратија. Лошо за четата на Пешиќ беше тоа што Добриќ уште на почетокот се повреди, па беше изнесен од теренот. Србија ја доби првата четвртина со 26:23, имаше постојано водство, но тоа беше помалку резултатска “клацкалка“ што се вели.

Во втората четвртина Германците ја засилија одбраната, Србите не беа така сигурни како што треба, па на пауза се замина со  резултатски егал 47:47.

Лоша Србија во продолжението, никако не успеваше да се развие игра, затоа Шрудер беше маестрален, речиси самиот ја водеше Германија и до +9 или 62:53. Ова се случуваше во седмата минута од третата четвртина. Србите си имаа проблем со тројките и отворените шутеви. Во таа трета четвртина Србите постигнаа само 10 поени, додека Германците 22. Токму затоа во последната четвртина се влезе со +12 за Германија.

А во неа Србите иако од петни жили се обидуваа да ја стигнат разликата на Германците, сепак не успеаја во тоа. Далеку беше Србија од таа игра што красеше таа селекција на мечевите со Литванија и Канада. Аврамовиќ беше на ниво, но сите останати беа лоши, правеа многу грешки. Сепак Србија дојде на -3 на 80 секунди до крајот, само благодарение на фантастичниот Аврамовиќ.

Сепак се беше бадијала, во драматичен финиш Германија победи и го освои златото на СП.

ПретходноМу се оствари сонот на Столе, го запозна Џиџи и зема негов автограм (ВИДЕО)
СледноХанси Флик повеќе не е селектор на Германија