Канаѓаните победници во „трилерот“ со САД и го освоија третото место на Мундобаскетот

154

Репрезентацијата на Канада ги освои бронзените медали на Мундобаскетот по победата над соседот САД во малото финале со 127:118.  Канаѓаните одиграа одлична партија, посебно блескаше Дилан Брукс во првото полувреме кој реализираше дури 21 поен и две асистенции. На полувреме Канаѓаните имаа предност од 58:56.

Во третата четвртина Канаѓаните беа доминантни и ја добија со 33:26 и со тоа ја зголемија предноста (91:82) пред завршниот дел од мечот. Но Американците буквално во последните секунди со тројка го изедначија резултатот на 111:111 па изборија продолжение.

A таму Канаѓаните  беа брутални (16:7) и на крајот го добија и натпреварот 127:118.

Кај Канаѓаните Брукс броеше до 39 поени, имаше и 4 скокови и 5 асистенции. Гилгеус-Александер постигна 31 поен. Кај Американците најефикасен беше Антони Едвардс со 24 поени, 5 скока и 3 асистенции.

 

 

ПретходноПеле не е веќе бразилски крал на стрелците – Нејмар го собори неговиот рекорд
СледноГерманија поразена од Јапонија со 1:4, Фликс смирува: Јас сум вистинскиот селектор