Откако репрезентацијата на Германија доживеа ушт еден дебакл во серија, со поразот на пријателскиот натпревар од Јапонија, Фудбалската Федерација одлучи да му врачи отказ на досегашниот селектор Ханси Флик.
Јавноста во Германија е во тотален шок од катастрофалните игри и резултати, на само неколку месеци од стартот на Европското првенство на кој што „Панцирите“ се домаќини. Па затоа, решено е да се направи радикален потег и да му се врачи отказ на селекторот Флик кој е огромно разочарување.
Со него си заминуваат и помошниците Маркус Зорг и Дени Рол.