Шрудер: Срамота е што ниту една германска телевизија да не ги пренесуваше нашите натпревари

2449

Германскиот плејмејкер Денис Шрудер кој го доби признанието за најкорисен кошаркар на Мундобаскетот 2023, се пожали дека е неверојатно што ниту еден меч на репрезентацијата (освен финалето) не беше пренесуван во Германија.

„Ова го чекавме долго време. За репрезентацијата играм веќе 10 години, а сега сме тука по минатогодишниот бронзен медал. Ова е неверојатен тим. Тренерот направи одлична работа што не зближи и не доведе до најдобриот можен рекорд, 8-0. Мислевме дека турнирот ќе се прикажува на телевизија во Германија, но се гледаше само финалето. Кошарката е голем спорт и се надевам дека заслуживме почит за она што го постигнавме во последните две години. Би сакал секој натпревар на германската репрезентација да биде прикажан на телевизија“, изјави разочараниот Шрудер.

ПретходноСрбија ја совлада Чешка за четвртфинале на Евроволеј 2023
СледноЛегендарниот Мо Фара ја истрча последната трка во кариерата