Македонската фудбалска репрезентација е на Малта, два дена по одличните 1:1 со Италија од квалификациите за пласман на ЕП 2024. Нашиот национален тим по поразите од Украина и Англија влезе во криза но еве сега е со шанси да се врати во игра во овие квалификации иако мора да се оди по потешкиот пат. За да биде така мора утре да се победи Малта.
Селекторот Благоја Милевски на прес конференција во пресрет на на важниот дуел со аутсајдерот во групата напоменува:
„Италија е зад нас, ние како стручен штаб веднаш почнавме со подготовка за дуелот со Малта и верувам дека утре ќе бидеме подготвени за истиот. Малта покажа и на дуело со нас во Скопје, дека е организиран тим кој ни создаде многу проблеми и на првиот меч. Максимално сериозно пристапуваме на овој меч, тој ни е најважен меч во овие квалификации. Момците се свесни што се ни значи овој меч. Да ја задржиме позитивната енергија во овој период“, напомена Милевски.
Дали искусните играчи како Адеми, Трајковски и Несторовски се чуваа за овој меч!?
„Сите се во ставени во функција на тимот и подготвени да го дадат својот максимум за тимот. Крајниот збор ќе го има лекарскиот тим околу тоа кој колку ќе биде употреблив за утрешниот нетпревар“.
Дали отсуството на Столе Димитриевски ќе направи проблеми за првиот состав?
„Бев среќен по мечот во Скопје дека нема повреди, но за жал данокот за тој лош терен е платен. Многу ми е жал што Димитриевски утре нема да биде со нас. Јас верувам во сите кои се повикани тука па и во Дамјан Шишковски кој има одлични настапи за клубот во кој настапува“, заврши Милевски.
Македонија утре од 20:45 и гостува на Малта во петтиот меч од овој квалификациски цикус за ЕП 2024.