Уште ова му фалеше: Погба позитивен на допинг тест!

302

Пол Погба бил позитивен на тестостерон по натпреварот Удинезе – Јувентус на 20 август, пишува „Ла Република“.

По сите проблеми со повредите во последниве години кои го погодија францускиот фудбалер, сега дојде и овој најнов проблем со допингот. Според изданието во урината на Погба се пронајдени траги од тестостерон. Погба на натпреварот на „Фриули“ воопшто и не влезе во игра.

Доколку се потврди позитивниот наод во вториот примерок, Французинот ризикува да стави крај на својата кариера. На 30 години, четиригодишната дисквалификација од фудбалските терени (казна со која ќе се соочи) би била премногу тежок товар.

ПретходноУрнебесно: Добро е што е тенисер а не пејач! Новак со ужасна изведба на песната “My way“ од Френк Синатра…(ВИДЕО)
СледноЛеброн ќе ги предводи САД на ЛОИ во Париз 2024!?