И Симаниќ се врати дома заедно со останатите “сребрени“ кошаркари на Србија!

326

Убаво фото кое на своите социјални мрежи го прикажа Кошаркарскиот сојуз на Србија. Имено заедно со останатите кошаркари на Србија, кои го освоија среброто на СП, се врати и болниот Бориша Симаниќ, кој според насмевката седнат до селекторот Светислав Пешиќ убаво се чувствува. Да потсетиме дека Симаниќ на мечот со Јужен Судан се повреди, поточно по еден безопасен дуел заработи, како што подоцна се потврди, страшна повреда. Неговиот живот беше во опасност, но сега се е во ред со него на задоволство на сите фанови на кошарката ширим светот.

Да кажеме дека кошаркарите на Сбија беа фантастично пречекани од своите фанови на аеродромот во Белград во раните утрински часови.

ПретходноАдеми со старата болка и нов пропуштен меч: Македонија без “Лавот“ против Малта!
СледноНов шок за Погба: Јувентус го раскинува договорот со фудбалерот кој падна на допинг-тестот!